Monday To Friday - 09:00AM TO 17:00PM

Ул. Булевар Јане Сандански бр. 109/1-3

About Us

About Us

Фабриката за производство на природната минерална вода ГЕРМИНА се наоѓа на стариот граничен премин на Република Македонија со Грција, односно с.Гермијан – Битола. На оваа еко локација се наоѓа изворот кој изобилува со висококвалитетна минерална вода и природен гас.
Водата од изворот по природен пат истекува до производната хала каде понатаму се прочистува со еко-филтри и се полни на најсовремен начин.

Огромна предност на Гермина, во однос на другите води, е токму нејзиниот природно нискоминерален состав, најквалитетни и најсигурни материјали на пакување што ја прават водата ГЕРМИНА Единствена по квалитет.

Ниско минералниот состав дозволува консумација на водата во неограничени количини без непотребно оптеретување на организмот.  

Со раст на човештвото се повеќе се придава важност на здравата исхрана, а со тоа и се поголема е и важноста за квалитетна вода за пиење.  Приказната за секоја вода почнува со 2 молекули на водород и 1 молекула на кислород. И тоа се сличностите, но верувам дека најмногу Ве интересира што е тоа што водата Гермина  ја прави толку посебна.

 

Природната минерална вода ГЕРМИНА потекнува од заштитени подземни лежишта на масивот Кајмакчалан,микробиолошки чисти и не се користат третмани  на дезинфекција.

Минералната вода ГЕРМИНА се одликува  со изворска чистота, кристална бистрина и питкост.

ГЕРМИНА е освежувачки пијалок за секојдневна употреба, посебно во летните горештини и при зголемено потење.  Се одликува со единственост на вкусот и избалансиран состав на минералите.

ГЕРМИНА – за  здрав живот


Квалитетот на оваа вода е потврдена од меѓународно призната лабораторија –

А. Гунари, Волос – Грција. На секој производ на Гермина можете да го најдете рег.бр.46-2347 за газирана вода и рег.бр. 46-3131 за негазирана вода издаден од дирекцијата за храна на РМ-Министерство за здравство и сертификат бр. 25825-2Х за газирана вода и бр. 26192 Х за негазирана вода кој ја потврдува редовната контрола на квалитетот на овој производ.

СЕРТИФИКАТИ

Минералната вода ГЕРМИНА се здоби со сертификати:

 ISO 22002-1 кој претставува стандард за безбедност на храна, со што се овозможува ширење на компанијата со пласман на производот на пазарите на ЕУ.

ISO 9001:2015- Систем за менаџмент за квалитет,

ISO 14001:2015- Систем за менаџмент на животната средина,

ОНЅАЅ 18001:2008- Систем за безбедност и здравје при работа.

Со интегрирање на сите системи во управувањето на АЛНАСЕР 2000 КОМПАНИ се докажува способноста да се управува со сите ризици со примена на контролни мерки кои овозможуваат единствено здравствено безбеден производ да биде пуштен на пазарот.

Исто така компанијата АЛНАСЕР 2000 КОМПАНИ се грижи за здравјето и безбедноста на вработените обезбедувајќи добри услови за работа, а особено внимание  обрнува кон заштитата на животната средина.

ЛАБАРАТОРИЈА И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ 

Со основањето на погонот за производство на минерална вода, за потребата од контрола на нејзината контрола од изворот и во текот на производниот процес, како и контрола на финалните производи основана е лабатраторија со совемена опрема и обучен кадар.

Лабараторискиот простор е организитан така што оневозможува вкрстена контаминација, а со соодветна вентилација и одржување на температурата и влажноста обезбедени се соодветни микроклиматски  услови за извршување на испитувањата.

Лабараторијата ја сочиниваат две организациони единици:

1.    Физичко – хемиска

2.    Микробиолошка

image
Icon